← Сите огласи
Куќа · Бардовци

Се изнајмува куќа во Бардовци

  • 600 m²Квадратура
  • 5Соби
  • 5Купатила

Опис

Се издава куќа во Бардовци кај црквата
*површина на двор 600м2
*површина на куќа 600м2
-приземје: 2 затворени гаражи+ салон каде се сместени фитнес справи, билијард, сауна со „rest area“ со топли клупи, мини кујна + тоалет со туш + една помошна, работна или гостинска соба+ излез на трем, двор и базен
-Кат 1 - салон (дневен престој) со трпезарија и кујна „open space“ + „atrium“+ гостински тоалет + 45м2 „master“ спална соба со сопствен „walk in“ гардеробер и тоалет со бања + две тераси
-Меѓукат-помошна просторија 10м2 за машини за перење, сушење и пеглање
-Кат 2 - две идентични соби од околу 60м2, секоја од нив се состои од дневен престој, дел за спална и „walk in“ гардеробер и тоалет со бања. Двете простории имаат излез на „rooftop“ од 100м2 со прекрасен поглед кон југ и планината Водно
Куќата е полунаместена и во моментот има комплет кујни со техника, трпезариска маса со 8 столици, софи, лежаи во спалните соби, фитнес справи, билјард.
Може да се изнајмува и наместена во целост по желба на закупецот
Куќата е високо енергетски ефикасна, греењето и ладењето е со топлинска пумпа, целата куќа е со подно греење и со фенкојлери, поседува и соларни панели за греење
Дворот е хортикултурно уреден и целосно ограден каде има простор за паркинг на уште две возила, базен со димензии 8мх3м, со целокупна филтер станица и топлинска пумпа за загревање на водата во базенот.
Во задниот дел поседува машинска просторија
Располага со 24/7 надзор од компанија за обезбедување, аларм и видеофонија