+389 78 404 900

floks_km@yahoo.com

ФЛОКС КМ ДООЕЛ, Скопје е Агенција за посредување во прометот со недвижности која Ви овозможува комплетна услуга на посредување при купување или изнајмување на недвижност. Продажбата и купувањето на недвижност со нас е многу лесно. Недвижностите се премногу вредни за да би ги довериле на нестручни и неискусни лица.  Со оваа дејност се занимаваме од 1998 година, затоа Вие потпрете се на нашето долгогодишно искуство и нека продажбата, купувањето  или размената на недвижноста за Вас биде задоволство, а не
главоболка.

Ние поставивме стандарди кон кои цврсто се држиме и кои со текот на времето како се зголемуваат потребите и желбите на нашите клиенти, така и нашите стандарди се подигнуваат.

Секако дека со подигнувањето на нашите стандарди, секојдневно се стремиме кон лидерската позиција во оваа област, што е всушност и нашата цел. Можете да бидете сигурни дека понудите кои ние Ви ги нудиме ќе одговараат на Вашиот вкус, Вашата желба , Вашите очекувања. Со нас нема непријатни изненадувања. Спремни сме и волни за соработка.

Во нашето друштво има и вработени лица за вршење на проценка на недвижен имот, проценка на возила и транспортни средства, проценка на машини и опрема и проценка на средствата во земјоделството и земјоделските посеви и насади. За вршење на дејноста процена нашето друштво поседува лиценци од надлежните министерства и со тоа има добиено статус „Овластен проценувач“. Од нашите проценители ќе добиете најпрофесионална , најточна, најбрза и најквалитетна процена.  Секојдневно се стремиме кон проширување на областите во кои нашите проценители можат да вршат процена.

Вршиме и вештачења од повеќе области за потребите на судови, обвинителства, правосудство, адвокати, како и за многу други сопствени потреби.

.