+389 78 404 900

floks_km@yahoo.com

ФЛОКС дооел, Скопје е Агенција за посредување во прометот со недвижности која Ви овозможува комплетна услуга на посредување при купување или изнајмување на недвижност. Продажбата и купувањето на недвижност со нас е многу лесно. Недвижностите се премногу вредни за да би ги довериле на нестручни и неискусни лица.  Со оваа дејност се занимаваме од 1998 година, затоа Вие потпрете се на нашето долгогодишно искуство и нека продажбата, купувањето  или размената на недвижноста за Вас биде задоволство, а не главоболка.

Ние поставивме стандарди кон кои цврсто се држиме и кои со текот на времето како се зголемуваат потребите и желбите на нашите клиенти, така и нашите стандарди се подигнуваат..

Секако дека со подигнувањето на нашите стандарди, секојдневно се стремиме кон лидерскта позиција во оваа област, што е всушност и нашата цел. Можете да бидете сигурни дека услугите кои ние Ви ги нудиме одговараат на Вашиот вкус, Вашата желба , Вашите очекувања. Со нас нема непријатни изненадувања. Спремни сме и волни за соработка.

Во нашето друштво има и вработено лице со Лиценца од Министерство за правда на Република Македонија за вршење на дејност медијација, кое лице може да Ви помогне во решавањето на Вашите спорови со трети физички или правни лица. Медијаторот е тој кој ќе ви помогне да ги избегнете долготрајните, макотрпни и скапи судски процеси, а спогодбата која медијаторот Ви ја дава претставува извршен акт кој пак потоа лесно се реализира.

Исто така, нашето друштво има добиено Лиценци за вршење на дејност ПРОЦЕНА во областа на недвижностите, земјоделието и транспортните средства, а од нашите проценители ќе добиете најпрофесионална , најточна, најбрза и најквалитетна процена.  Секојдневно се стремиме кон проширување на областите во кои нашите проценители можат да вршат процена.

.